Еуро Никел одигра импресивен натпревар во четвртфиналето декласирајќи го составот на Гостивар, издание што кавадарчани ќе мораат да го повторат доколку сакаат да слават на денешната пресметка со Работнички.
Најтрофејниот македонски клуб ги доби двете овосезонски средби во Првата лига, но Еуро Никел игра одлично во последно време и тренерот Горан Самарџиев и неговите кошаркари со право се надеваат дека можат да се пласираат во големото финале.
„Очекувам неизвесен натпревар во кој мојот тим дефинитивно ќе се бори до последниот атом на силите, давајќи го максимумот во обид да стигне до големото финале и борба за пехарот. Предност на Работнички е што играме во салата во која тие цела сезона се домаќини, имаат и подолга клупа за ротација, но тоа не е секогаш пресудно за победа. Наша предност е што играме многу подобро гледано на тимски план, може да се каже дека имаме и поискусни играчи. Нека победи кошарката и подобриот тим на теренот“, изјави Самарџиев во пресрет на денешното полуфинале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА