Интересна ситуација се случи на Второлигашкиот натпревар меѓу Плачковица и ГФК Осогово. Голманот на гостинскиот тим Ристе Размоски доживеа повреда во првото полувреме, а бидејќи Осогово имаше пријавено само еден голман на овој меч, во второто полувреме на голот ќе мора да застане еден од фудбалерите на гостите.
„Голманот на ГФК Осогово Ристе Размоски за жал доживеа повреда за време на мечот против Плачковица и веднаш беше пренесен со возило на Итната медицинска помош во болница. Поради тоа што на овој меч беше тој единствен пријавен голман, во продолжение од мечот на голот ќе застане играч. Нашите мисли во овие моменти се со Ристе и му посакуваме брзо заздравување“, стои во соопштението од ГФК Осогово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА