Историскиот настап на Академија ФМП во Купот на Македонија заврши во полуфианлето откако „пантерите“ беа поразени од МЗТ Скопје со убедливи 72-92. Составот од Кисела Вода не успеа да одговори на агресивната одбрана над бековската линија на аеродромци на оваа средба, во третата четвртина за осум минути избраниците на Петровиќ постигнаа само три поени па не можеа да се надеваат на победа.
По натпреварот тренерот на Академија ФМП имаше само пофалби за својот тим кој има оргомен напредок во текот на сезоната.
„Не одговоривме на нивната преагресивна добрана, немавме течност во нападот, не одеше ’пасот’ и да кажам дека можеби изгоревме во желбата да изненадиме уште еден противник. Им честитам на моите момци за одличното претставување на клубот во Купот. Нема да се предадеме понатаму, нема што да изгубиме. Ова е млад тим, немавме доволно расположени играчи. Презадоволен сум од нивната работа во текот на сезоната. Следно одиме во Битола и продолжуваме понатаму, без предавање“, изјави Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА