Мираковски: На 40 минути сме од трофеј

Работнички се пласираше во финалето од Купот на Македонија откако во полуфиналниот дуел против Еуро Никел славеше со 85-79 во неизвесна завршница. Херој на „црвено-белите“ беше Филип Бундовиќ кој на крајот на средбата го искористи отсуството на Мијатовиќ кој заработи пет лични грешки, како и фактот дека Рикиќ имаше четири фаула, па со доминатна игра во рекетот постигна седум од последните девет поени за својот тим и донесе победа.

По натпреварот тренерот на Работнички, Димитар Мираковски го подоли натпревари на две полувремиња и најави жестока битка за трофеј против вечниот ривал МЗТ Скопје.

„Можам да го поделам натпреварот на два дела. Првото прво полувреме каде немавме агресивност, немавме функционална одбрана и притисок на топка, примивме 40 поени. Во второто полувреме зголемивме на агресивност, притиснавме предна линија, центрите притиснаа како што треба и дојдовме до резултатот на крај. Играчите сфатија дека ова е Куп и дека секој ја гледа својата шанса. Овде има квалитетни екипи, најквалитетните во лигата. Лесно нема да ни биде, меѓутоа играчите мора да бидат свесни дека се работи за финале, се дава се од себе и буквално се гине на теренот. На 40 минути сме од трофејот“, изјави Мираковски.

Се вчитува...