Последно коло од шампионатот на Македонија, последно коло во битката за последните непознати околу распределбата на европските места и оние кои водат во баражот за опстанок во лигата.
Шкендија е новиот шампион кој ќе летово ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, Шкупи е сигурен на второто место, а Струга ТЛ и Македонија ЃП денеска ќе ја бијат последната битка за последното европско место.
Стружани се во пол-позиција и со триумф во Кратово против Силекс и дефинитивно ќе си го обезбадат првиот, историски, настап во Европа. „Лавовите“, пак, ќе мора на триумф против отпишаниот Вардар, но и да се надеваат дека Струга нема да победи со Силекс.
Академија Пандев, пак, е во пол-позиција за избегнување на баражот за опстанок. Непходна на „пандевци“ им е победа против Борец, кој е веќе сигурен, за да ги остават Силекс и Ренова на позициите за бараж.
Веќе е познато дека Вардар и Беласица следната сезона ја напушаат Првата македонска фудбалска лига.
ПРВА ЛИГА – 33. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Битола: ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
Гостивар: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ
Струмица: АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА