Дарко Радуловиќ за само неколку месеци како предводник на МЗТ Скопје стигна до првиот трофеј во тренерската кариера, предводејќи го „металците“ до десеттата круна во Купот на Македонија.
Воедно, со денешниот триумф над Работнички младиот стратег си обезбеди место во историјата, како четврти стратег во мак-баскетот што стигнал до куп-пехар и како тренер и како играч.
Радуловиќ како кошаркар има два пехари со Николферт, еден со Фени Индустри, а со денешниот прв трофеј како тренер тој се приклучи на „одбраното друштво“ во кое досега се наоѓаа Јорданчо Давитков, Емил Рајковиќ и Марјан Србиновски. Најтрофеен во ова друштво е екс-селекторот Давитков, кој како играч освои три, а како тренер четири пехари во Купот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА