Давид Луиз ги информирал челниците на Арсенал дека по завршувањето на оваа сезона си заминува од клубот како слободен играч, а неговиот пример најверојатно ќе го следи и Вилијан.
„Топџиите“ имаа план да му понудат нов едногодишен договор на бразилскиот стопер, но Луиз сака нов предизвик во кариерата и најверојатно ќе се врати во Бразил по долги години.
Англиските медиуми најавуваат дека Арсенал летово ќе го напушти и Вилијан. Бразилскиот крилен напаѓач дојде на „Емирати“ минатото лето како слободен фудбалер од Челси и доби огромен договор од 200.000 фунти неделна плата.
Тој воопшто не го оправда договорот и е еден од најслабите играчи на Арсенал сезонава. Одигра 25 натпревари, најчесто како резерва, и постигна само еден гол. Интерес за Вилијан има од МЛС-лигата, поточно од тимот на Интер Мајами, чиј сопственик е Дејвид Бекам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА