Одличен успех на македонските кикбоксери на ВАКО Европскиот куп во Белград: КБК Шампион Магнус најуспешен клуб (ФОТО)

Македонската кик-бокс репрезентација, предводена од претседателот на КМФМ, Дејан Митровски – Урко, запиша извонреден успех на ВАКО Европскиот куп „Србија Опен“ кој изминатиов викенд се одржа во Белград.

Македонската селекција настапи со 92 натпреварувачи од 11 кик-бокс клубови, притоа со освоени вкупно 45 медали од кои 15 златни, 14 сребрени и 16 бронзени.

Најуспешен тим е КБК Шампион Магнус Тим од Скопје кој од Белград се враќа со девет медали, од кои три златни за Бобан Илиовски, Туркер Исмаил и Стефан Каевски, четири сребрени за Миа Тодорова, Викторија Варадинова, Слаѓан Димиќ и Дамјан Зафировски, како и два бронзени за Марко Тодоров и Петар Мијовски.

„Со оглед на последиците од Ковид-19 пандемијата и кризата во спортот во нашата земја која произлезе како резултат на селективната забраната за тренинг на нашите репрезентативци и другите индивидуални спортови, сепак успеавме да донесеме огромен број медали и нашата земја ја претставивме гордо и како што и доликува. Споредено со другите земји во регионот во кои на сите репрезетативци, без разлика на тоа дали се дел од колективен или индивидуален спорт, им беше дозволен тренинг, во нашата држава привилегијата за тренинг, па дури и натпревар во затворен објект ја имаа само колективните и лига спортови (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка). На овој кикбокс куп, сите наши натпреварувачи буквално го оставија здравјето на ринговите и борилиштата, пред се борејќи се до последни сили со својата кондицијата, а потоа и со противниците за да извојуваат победа. Многу од натпреварувачите се здобија со повреди како резултат на забраната за тренинг. Следи период на рехабилитација, но и напорни тренинзи за да ја надополниме кондициската загуба и да се подготвиме за да атакуваме на европските и светските медали. Генерално сум задоволен од постигнатите резултати и сакам јавно да им се заблагодарам на сите натпреваривачи и тренери кои земаа учество на овој натпревар и лавовски се бореа за секој освоен медал“ – истакна првиот човек на КБФМ, Дејан Митровски – Урко.

ПОЕДИНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ ПО КЛУБОВИ НА ВКУПНО ОСВОЕНИТЕ МЕДАЛИ ЗА МАКЕДОНИЈА:
Кбк Шампион Магнус тим – Скопје: 3-златни, 4-сребрени, 2-бронзени
Кбк Гладијатор – Скопје: 2-златни, 0-сребрени, 2-бронзени
Кбк Зоран тим – Струмица: 2-златни, 5-сребрени, 6-бронзени
Кбк Предатор-Куманово: 0- златни, 1-сребрени, 4- бронзени
Кбк Тетово-Тетово: 1- златни, 0- сребрени, 1- бронзени
Кбк Викинг- Скопје: 1- златни, 0- сребрени, 0- бронзени
Кбк Гладијатор-Стип: 2- златни, 0- сребрени, 2- бронзени
Кбк Будо-Кавадарци: 1- златни, 0- сребрени, 0- бронзени
Кбк Ас -Делчево: 2- златни, 0- сребрени, 1- бронзени
Кбк Лидер -Виница: 1- златни, 2- сребрени, 0- бронзени
Кбк Будо -Велес: 1- златни, 2- сребрени, 1- бронзени

Се вчитува...