Силекс со Тиквеш, Ренова против Охрид во баражот за ПМФЛ

Силекс – Тиквеш и Ренова – Охрид ќе се сретнат во баражот за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, одлучи денешната ждрепка. Силекс заврши како 9. во ПМФЛ, додека Тиквеш беше втор во ВМФЛ – Исток. Овој натпревар ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“.

Од друга страна десетто пласираната Ренова ќе игра против второпласираниот од ВМФЛ Запад, Охрид на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.

И двата натпревари  се закажани за 25. мај 2021 година (вторник). Доколку мечот заврши без победник во регуларните 90 минути веднаш ќе се пристапи кон изведување на пенали.

Се вчитува...