Брајтон со пресврт до победа: Сити не издржа со десет фудбалери

Манчестер Сити претрпе пораз од 3-2 на гостувањето против Брајтон во претпоследното премиерлигашко коло. Пеп Гвардиола се реши за комбиниран состав, повторно го одмори Кевин де Бруине, а како клучен момент се покажа црвениот картон на Кансело по само десетина минути игра.

Сити во тој момент веќе имаше водство од 0-1 со голот на Гундоган, а „граѓаните“ на стартот од вториот дел поведоа и со 0-2 преку Фоден, откако младиот напаѓач зеде топката од сопствената половина, истрча четириесетина метри и го матираше домашниот голман.

Сепак, шампионот не успеа да го издржи темпото до самиот крај, а Брајтон успеа не само да се врати, туку и да направи целосен резултатски пресврт преку Тросар, Вебстер и Бурн.

Се вчитува...