Академија Пандев по изведување на пенали беше поразена со 3-4 од Силекс во финалето на Националниот куп на Македонија.
Тренерот на „пандевци“, Александар Васоски вели дека пеналите се лотарија, која не секогаш е среќна за подобриот.
„Сакам да му честитам на Силекс за освојувањето на трофејот во Купот. Не одигравме финале за паметење, но фудбалерите се истрошени поради фактот дека е крај на сезоната и затоа пеналите на крајот одлучуваа. Мислам дека за нијанса бевме подобри од Силекс на натпреварот, но пенал-лотаријата ни пресуди. Силно го посакувавме трофејот во купот, затоа и тешко го доживуваме овој пораз, но може да заклучам по моето доаѓање во Струмица основната цел беше да се избори опстанок во Првата лига и успеавме во тоа“, изјави Васоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА