Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров и француски Нант го заверија пласманот на Ф4-турнирот од Лигата на шампионите откако го преживеаја пеколот во Унгарија, елиминирајќи го во четвртфиналето Веспрем.
По првата победа од четири гола разлика на домашен терен, Нант загуби со 32-30 од Веспрем на реваншот па ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Кире Лазаров ќе го игра седмиот „фајнл-фор“ од ЛШ во својата кариера, од кои три има со Барселона, а по еднаш досега со Суидад Реал, Атлетико Мадрид и со Нант.
Лазаров постигна четири гола за својот тим, додека Дејан Манасков постигна два гола за Веспрем. Петар Ненадиќ со седум голови беше најефикасен кај Унгарците. Балагер имаше шест кај Нант, додека Грубиндо постигна пет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА