Екипата на Хувентуд стигна до 20-та победа во „Ендеса“ лигата на Шпанија триумфирајќи со 99-92 против Андора.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар завршувајќи за малку без „дабл-дабл“ ефект, со 10 поени, седум асистенции и два скока, за само 17 минути на паркетот.
Хувентуд со оваа победа на едно пред крајот од регуларниот дел е на седмата позиција, со шанси и за шестото место пред плеј-офот. Во последното коло Хувентуд игра со Билбао, па ќе следи доигрувањето за шампионската титула.
Екипата од Бадалона има теоретски шанси да заврши и како шестопласирана. Но за да биде така, освен успех против аутсајдерот, нивниот опонент во трката, Сан Пабло Бургос треба да загуби на двата неодиграни натпревари. Вечерва, на гости, против Естудијантес, и во последното коло, на домашен терен против Обрадоиро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА