Солскјер во контакт со Роналдо – Кристијано би се вратил назад на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед се враќа во игра во трката по Кристијано Роналдо откако Оле Гунар Солскјер лично го контактирал португалскиот ас околу можноста за негов камбек во дресот на „црвените ѓаволи“. Весникот „Мирор“ тврди дека Солскјер сака да го види својот поранешен соиграч назад во Манчестер, а и самиот Кристијано е отворен за ваква соработка со Норвежанецот.

Роналдо со Јувентус го освои трофејот во Купот на Италија, но доколку во последното коло „старата дама“ не го мине Милан и остане без пласман во Лигата на Шампионите, нема дилеми дека поради финансискиот удар Кристијано ќе мора да биде продаден. Јуве ќе нема доволно пари за да ја покрие неговата плата од 31 милион евра, а и самиот Роналдо сака да игра во тим што ќе биде дел од ЛШ, па неговиот трансфер се чини неизбежен.

Реал Мадрид експресно се откажа, досега како најсериозна опција беше споменуван ПСЖ, но јасно е дека Манчестер Јунајтед поседува и повеќе од доволен финансиски капацитет да излезе како победник од оваа трка со „светците“. Офанзивниот фудбал што го игра Јунајтед под водство на Солскјер надополнет со присуството на неговиот репрезентативен колега Бруно Фернандеш се дел од адутите на „црвените ѓаволи“ во оваа трка, што сигурно дополнително ќе се разгори во наредниот период.

Се вчитува...