Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва ја очекува вториот натпревар во Европската сребрена лига каде за противник ќе го имаат Израел. Техничарот на „спартанците“, Ѓорѓи Ѓоргиев вели дека Израел е далеку подобар противник од Кипар, но дека одат на победа и без калкулации на секој меч од ова издание.
„Израел е подобар противник од Кипар и затоа мораме да покажеме поголем квалитет. Се надевам на победа. Одиме секој меч на победа и без калкулации. Наша цел е да обезбедиме три победи на овој турнир и потоа истото да го повториме и во Данска и да бидеме со голема самодоверба за фајнал-фор турнирот“, изјави Ѓорѓи Ѓоргиев.
Натпреварот против Израел кој ќе се игра во Струмица е закажан за во 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА