Прволигашот Шкупи го претстави првото засилување за новата сезона, одличниот одбранбен фудбалер Фисник Зука.
Зука кој беше дел од Шкупи од 2014 до 2017 година во Чаир се враќа од редовите на Работнички во кој забележа 18 настапи сезонава.
„Чест е што повторно ќе бидам дел од Шкупи. Скопје стана вицешампион, додека во разговори што ги имавме со претседателството, ми се допаднаа целите на клубот и за следната сезона. Слушнав многу добри зборови за стручниот штаб, со кого верувам дека на крајот ќе можеме да ги исполниме барањата на нашите навивачи“, изјави Зука.
Шкупи минатата сезона ја заврши на второто место на табеалата, а од тимот од Чаир во следната сезона се подготвени и да атакуваат на титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА