Манасков и Вепсрем му се „истурија“ на Будакалас како одговор на елиминацијата во ЛШ

Веспрем го декласираше Будакалас со 27-38 како одговор за елиминацијата од Лигата на шампионите во четвртфиналето од Нант. Дејан Манасков и пријатели целата фрустрација од раната елиминација во ЛШ ја „истурија“ против Будакалас кој беше само колатерална штета.

Манасков имаше мала минутажа на овој меч на кој постигна еден гол од три обиди. Веспрем ќе има предност во финалето од плеј-офот против Пик Сегед бидејќи регуларниот дел од сезоната ќе го заврши како лидер во унгарската лига.

 

Се вчитува...