„Спартанците“ во трилер меч подобри од Израел – Следен предизвик Данска (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Одбојкарската репрезентација на Македонија стигна и до втората победа во годинашното издание на Сребрената европска лига откако славеше над Израел со 3-1 (21-25, 25-22, 25-23 и 25-23).

„Црвено-жолтите“ по навика повторно во грч го стартуваа првиот сет кој го изгубија со 21-25. Следуваа два освоени сета на нашите момци кои ги освоија со 25-22 и 25-23, за потоа последниот сет во трилер завршница да го добијат со 31-29 и да останат со максимален број освоени бодови по две кола.

Никола Ѓорѓиев со 23 поени беше најдобар реализатор во нашата селекција. Кај Израел Хершко заврши со 23 поени.

Утре избраниците на Никола Матијашевиќ ги очекува натпреварот против Данска која ќе биде домаќин на вториот турнир од групната фаза во Сребрената европска лига.

 

 

Се вчитува...