Вечерва во Белград во текот на прославата на шампионската титула на Црвена Звезда дошло до масовна тепачка на навивачите на овој тим и Партизан.
До тепачката дошло за време на самата церемонија, а едно лице било потешко повредено. Во делот на градот каде што почнала тепачката сите локали се затворени, а гостите останале во нив како би останале на сигурно.
Српските медиуми пренесуваат дека голем дел од обезбедувањето во тие кафулиња се навивачи на Партизан па затоа дошло и до тепачка меѓу „Делије“ и „Гробари“. Според последните информации уапсени се преку 100 лица, а на лице место дошол и министерот за внатрешни работи Александар Вулин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА