Ненад Димитријевиќ не го одигра последниот меч од регуларниот дел од сезоната во „Ендеса“ лигата за екипата на Хувентуд. Без негова помош, екипата од Бадалона загуби убедливо на гостувањето кај Билбаов (73:94), со што „зелено-црните“ го потврдија седмото место на табелата по регуларниот дел од шпанскиот шампионат.
Позиција која за противник во четвртфиналето им ја носи екипата на Барселона која заврши како второпласирана и ќе ја има предност на домашен терен во соседските пресметки кои стартуваат наредната седмица.
Термините ќе бидат одредени подоцна, со оглед на тоа дека тимот од „Блауграна“ го чека настапот на „Фајнал-фор“ турнирот на Евролигата во Келн, кој полнува на 28.мај, а каталонците во полуфиналето ги чека дуелот со екипата на Армани Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА