Тиквеш и Радовиш одиграа нерешено 25-25 во дерби натпреварот од 11. коло од плеј-оф фазата во ракометната Суперлига на Македонија. Вања Смиљаниќ со седум гола беше најефикасен кај домаќините, додека во таборот на Радовиш Ивица Илиев постигна десет гола.
До победа стигна и Голден Арт КЛ7 на гостувањето кај Младост во Богданци со 28-32. Евгениј Темелкоски со 10 гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Митко Караиванов заврши со девет гола.
Во последниот меч од денешната понуда Прилеп беше сигурен на гостувањето кај Јуниор Кисела Вода со 32-38.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА