Ракометната репрезентација на Македонија на 19 и на 20 јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Србија, како дел од најавите на Кире Лазаров да им даде шанса на што повеќе играчи да се наметнат во репрезентативниот дрес во пресрет на ЕП 2022.
Српскиот селектор Тони Џерона го објави списокот на ракометари за овој двомеч, на кој противникот ќе настапи без неколку стандардни ракометари.
Против Македонија ќе настапи пивотот на Нант, Драган Пешмалбек, кој неодамна доби српски пасош, а на списокот се наоѓа и голманот на Веспрем, Владими Цупара, потоа крилото на Пик Сегед, Богдан Радивојевиќ… Петар Ѓорѓиќ и Лазар Кукиќ од Бенфика…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА