Челси и Манчестер Сити во сабота на 29 мај ќе се борат за титулата европски шампион. Тимот од Лондон ги победи „граѓаните“ двапати оваа сезона, но Томас Тухел вели дека не е сигурен дали тоа носи предност во финалето на Лигата на шампионите.
Менаџерот на Челси потенцираше дека се’ може да се случи во финалето, но и дека среќата ќе има голема улога во победникот.
„Не знам дали тоа ни дава некаква предност, но свесни сме дека сме двапати подобри од Манчестер Сити за многу краток период. Не беше толку одамна. Но, ние исто така знаеме дека сè може да се случи во финалето. Среќата игра голема улога на ваквите натпревари, ментална подготвеност и пристап. Начинот на кој се справувате со притисокот, деталите што покажуваат кој го носи товарот. Значаен е и првиот позитивен момент на натпреварот. Претходните натпревари ни помогнаа да се поврземе, да влеземе во ова финале со многу самодоверба“, додаде Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА