Селекторот Кире Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе бидат во комбинација за настап на двомечот против Србија, закажан за 19 и 20 јуни во Ниш.
„Црвено-жолтите“ ќе настапат со значително променет состав, откако Лазаров реши да не повика ниту еден интернационалец, давајќи им шанса исклучиво на играчите од домашното првенство. Овие две средби ќе бидат добра можност за докажување пред стручниот штаб, за Лазаров да ги види на дело и да избере некој од нив за приклучување на А-тимот во пресрет на европскиот шампионат во јануари во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА