ВИДЕО: Охрид и Тиквеш водат против Ренова и Силекс – Урнебесен гол на охриѓани од 70 метри

Второлигашите Охрид и Тиквеш изненадувачки водат против Ренова односно Силекс на 30 минути пред крајот на бараж-пресметките за опстанок во Првата лига.

Охрид со 2-1 води против Ренова, откако тимот на Драган Бочевски поведе во вториот дел со голот на Митев во 50. минута. На полувремето беше 1-1 откако Ренова израмни во 18. минута со голот на Шефит Шефити.

Повеќе од урнебесен беше првиот гол на охриѓани кои во 4. минута поведоа со голот од повеќе од половина терен на Љупче Трпески по грешката на противничкиот голман Велии.

Тиквеш пак води со 1-0 против Силекс од 54. минута со голот на Спахиу.

Се вчитува...