Пред само четири месеци дојде на кормилото на Тиквеш, и успеа по цели 17 години да го врати Кавадарци на македонската прволигашка фудбалска карта.
Пане Блажевски успеа да го врати Тиквеш во елитата, па сосема очекувано по денешната победа во баражот со Силекс не криејќи ја огромната радост.
„Заслужена наша победа. Момците одиграа квалитетен натпревар со многу борба, силно посакувајќи ја победата. Реков и пред мечот дека желбата, мотивот и инаетот може да бидат одлучувачки и фактот дека Силекс ќе биде под поголем притисок за останување во Првата лига. Тактички мудро одигравме откако изминативе денови добро го анализиравме Силекс. Сакам да им честитам на фудбалерите затоа што ова е нивни успех. Ова е подарок за ‘Лозарите’ кои цело време беа со нас, подарок за цел град Кавадарци и за сите што го сакаат Тиквеш и фудбалот“ – ни изјави Блажевски по триумфот над Силекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА