Шпанците откриваат: Реал, Барса и Јувентус ќе бидат избркани од ЛШ, нивните места ќе ги заменат…

Откако денеска УЕФА отвори дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус поради потенцијалното кршење на правилникот, околу создавањето на новата Суперлига, во шпанските медуми се појавија инфорамции дека казната нема да биде само парична и тритте клуба ќе бидат избркани од Лигата на Шампионите.

Како што пренесува ‘Cope’, веќе се познати и клубовите кои ќе ги заменат нивните места, а тоа се Реал Сосиедад и Бетис од шпанското првенство, додека местото на Јувентус ќе го пополни Наполи.

Како потсетување, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус беа едни од 12. клуба кои ја оформија Суперлигата. Англиските клубови набргу потоа ја напуштија идејата, нивните стапки ги следеа и Милан, Интер и Атлетико Мадрид, а шпанските и италијанскиот великан решија да останат зад идејата.

Се вчитува...