Во очекување на најголемиот настан за македонскиот фудбал во историјата, првото учество на најдобрата национална репрезентација на Европско првенство, ЕКИПА издвојувајќи ги најзначајните фудбалери, личности и настани од нашата фудбалска историја, се до 11. јуни преку серијал-текстови како најава за тоа што ги очекува Горан Пандев и соиграчите на УЕФА Евро 2020!
===============================================================================================
Во годината кога Македонија слави 30 години фудбалска независност, конечно најдобрата македонска репрезентација ќе го почувствува настапот меѓу најдобрите на Стариот континент. Првпат во историјата македонската репрезентација ќе се појави на ЕВРО-шампионат под капата на УЕФА. Погледнувајќи наназад низ историјата, пак, мал е бројот на Македонци кои и во рамките на селекцијата од поранешната заедничка држава успеале да го почувствуваат духот на европското првенство.
А, безмалку 30 години многу македонски генерации, почнувајќи од онаа од 1993 година од Крањ кога Македонија го одигра првиот свој репрезентативен натпревар во историјата, го очекуваа првиот настап на национален тим меѓу најдобрите на Стариот континент. И Македонија го дочека сето тоа во 2020 година по оној историски натпревар со Грузија во Тбилиси.
Преку 100 фотографии од архивата на фоторепортерот на ЕКИПА, Роберт Спасовски, дел од нив и досега необјавени, издвојувајќи ги лицата, моментите и настаните кои ја одбележаа нашата репрезентативна историја од Крањ па до Тбилиси, само потсетување дека секој од нив беше дел од „мозаикот“ наречен национален тим. Секој од нив, и низ успешните и низ оние разочарувачките моменти, сепак, остави трага на патот до првото сениорско учество на европски шампионат…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА