Интер ја освои титулата во Италија, но тие влегуваат во новата сезона без Антонио Конте. Италијанецот е разочаран што клубот не сака да продолжи по патот што му беше претставен по пристигнувањето, па се реши да замине.
Клубот од Милано го посакува на позицијата тренер, но тие бараат да се договорат за продажба на одредени играчи и тоа е камен на сопнување меѓу двете страни. Заминувањето на Конте особено го погоди Ромелу Лукаку, кој испрати емотивна порака.
“Ви благодарам Антонио. Ме сменивте како играч. Заедно дојдовме до важни победи и тоа е најважно. Среќен сум што ве имав како тренер. Ќе ги прифатам сите ваши одлуки во продолжение на вашата кариера. Јас ти должам многу“, рече Лукаку.
Антонио Конте ја презеде клупата на Интер во јуни 2019 година. Клубот го водеше на вкупно 102 натпревари и има учинок од 64 победи, 23 нерешени средби и 15 порази. Конте уште еднаш се покажа како одличен стручњак, направи навистина одличен тим кој чекореше кон титулата италијански шампион, но за жал за навивачите на Интер, соработката со Интер е веќе прекината.
Romelu Lukaku: “Thanks Antonio. You changed me as a player and made me stronger… and we won together! Winning is and it’s all that matters to you and I’m glad that I’ve had you as a coach. I’ll take your principles for the rest of my career. I owe you a lot”. ??? #Inter pic.twitter.com/72TjAcPwd0
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 26, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА