Дали Роналд Куман ќе остане тренер на Барселона и следната сезона ќе се знае за 15 дена. Имено, тогаш е закажан состанок на управата на клубот кога и ќе биде познато се’ за спортската јавност. Барселона оваа сезона го освои само „Купот на кралот“, а иако имаше шанса да ја освои титулата во Примера, тоа не се случи, најмногу поради слабата форма на Каталонците, кои загубија бодови во финишот на шампионатот, па со тоа им овозможија на Симеоне и Атлетико да завршат на првото место.
Според каталонскиот „Спорт“, сето ова ќе се земе предвид при одлучувањето за судбината на 58-годишниот експерт, како и степенот на неговата одговорност во целата оваа сезона.
Сепак, „Спорт“ наведува дека Барселона би можела да го задржи Куман исклучиво од финансиски причини, бидејќи во случај на откажување според договорот, ќе треба да му платат 13 милиони евра. Тоа се премногу пари во моментов за еден клуб кој се наоѓа во среде економска криза, па доколку се одлучат на таков потег, Лапорта ќе треба да издвои барем уште толку за да се донесе нов тренер во тимот .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА