Масимилијано Алегри е стратегот што ќе седне на клупата на Јувентус за наредната сезона откако трофејниот стручњак ги договорил условите за соработка со најтрофејниот италијански клуб.
Претседателот Ањели не е задоволен од сработеното од Андреа Пирло, младиот стручњак едвај стигна до место во Лигата на Шампионите и веќе е јасно дека тој ќе си замине од клупата. Како опција беше споменуван и Гасперини, па дури и Симоне Инзаги, но на крајот беше постигнат договор со Алегри, кој по две години пауза ќе се врати назад на кормилото на „старата дама“.
Алегри имаше на маса и понуда од Реал Мадрид, но на крајот сепак реши да се врати назад во клубот со кој освои бројни трофеи. Врз одлуката на Алегри влијаеше заминувањето на директорот Паратичи, со кого овој тренер имаше нарушени односи, па откако Ањели реши да не ја продолжи соработката со него (што вчера и официјално беше потврдено) Алегри ја прифати понудата за камбек на чело на „старата дама“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА