Реал Мадрид потврди: Зидан си замина од „Сантијаго Бернабеу“

Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврдија од шпанскиот гигант. Од клубот велат дека го почитуваат неговото барање и му се заблагодаруваат за се што даде за „кралевите“.

„Време да покажеме почит за неговата одлука и да му се заблагодариме за професионализмот и страста со која го водеше нашиот клуб. Зидан е еден од најголемите фудбалери и тренери кои биле дел од Реал Мадрид. Тој знае дека Реал Мадрид секогаш ќе биде неговиот дом“, стои во соопштението од клубот. 

 

 

Се вчитува...