Дресот на македонската репрезентација за ЕВРО 2020 прв го доби Папата Франциск (ФОТО)

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски му подари дрес од фудбалската репрезентација на Македонија на Папата Франциск.

Претседателот Пендаровски е во посета на Ватикан по повод чествувањето на 24. мај денот на светите браќа „Кирил и Методиј“.

„Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното #EURO2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство“, напиша Пендаровски.

 

Се вчитува...