Фудбалскиот клуб Милан денес го претстави своето прво летно засилување, францускиот голман Мајко Мањан. Станува збор за 25-годишен голман кој доаѓа од првакот на Франција, Лил, клуб за кој бранеше феноменално во претходните две сезони.
Тој потпиша петгодишна соработка со „росонерите“ и ќе го носи дресот со бројот 16. Лил заработи 13 милиони како обештетување, плус бонуси.
Мањан ќе биде првиот голман на екипата на Милан во следните сезони, имајќи предвид дека Џанлуиџи Донарума го напушта клубот како слободен фудбалер. Она што е интересно, а поврзано со овој трансфер, е што Милан купи квалитетен голман за исклучително малку пари, имајќи го предвид денешниот трансфер пазар. Мањан оваа сезона успеа да ја зачува својата мрежа на 21 натпревар во Лига 1, што е највисок процент меѓу „Топ 5“ европските лиги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА