Поранешниот капитен на српската репрезентација, Александар Коларов, наскоро треба да ги засили редовите на освојувачот на двојната круна во Србија, Црвена Звезда. Ваквата најава предизвика воодушевување кај „Делии“, па наскоро се очекува и официјализирање на оваа зделка.
Како што пренесува „Моцарт спорт“, фудбалерот на Интер ќе се појави на почетокот на подготовките за следната сезона. Во неколку наврати претходно Звезда се обиде да донесе искусен лев бек, но како што стојат работите, тимот од Звезда конечно се договори со Коларов, па одличниот фудбалер ќе има можност и да ја заврши кариерата во клубот за кој навива уште како дете.
Според истиот извор, се споменува дека тој ќе добие двегодишен договор вреден 600.000 евра по сезона. Во досегашната кариера, Коларов пред Интер играше за Рома, Манчестер Сити, Лацио и ОФК Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА