Канатларовски се вклучи во репрезентацијата на Милевски: Нов импулс за уште подобри резултати на младите генерации (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Легендата на македонскиот фудбал и поранешен селектор Драган Канатларовски од денеска се приклучи на собирот на младата репрезентација на Македонија која ги има финалните подготовки за септемврискиот старт на квалификациите за ЕП.

Надежите под палката на Благоја Милевски првата фаза од подготовките во Скопје ја реализираат на стадионот во Ѓорче Петров. Како што информираше Милевски, за сите во националниот тим е чест и задоволство што за квалификацискиот циклус кој претстои ќе го имаат Канатларовски кој сигурно со своето фудбалско знаење и искуство треба да допринесе за уште поуспешни резултати на селекцијата до 21 година, кој веќе постави високо ниво на функционирање. Во стручниот штаб веќе е уште една прославено име на македонскиот фудбал, поранешниот долгогодишен репрезентативец Влатко Гроздановски.

За 29. мај планиран е меѓусебен натпревар на кој Милевски и Канатларовски ќе го скенираат потенцијалот, а за 31. мај е планирано заминувањето за Словенија каде на 3. јуни во Терме Чатеж ќе биде одигран и пријателски натпревар со младата селекција на Словенија.

 

 

Се вчитува...