Менаџментот на Балканската лига веќе стартуваше со подготовките за наредната напреварувачка сезона. Според планираното, новата 2021/2022 сезона би стартувала на почетокот на октомври, а би завршила во април 2022 година, и тоа со 12. клубови-учесници. БИБЛ испрати покана до сите заинтересирани екипи од нашата земја, а според предвидувањата, два, евентуално три клуба би ја пополниле „квотата“ на учесници.
За потсетување, оваа натпреварувачка сезона нашата кошарка ја претставуваа екипите на ТФТ од Скопје и Куманово 2009. БИБЛ планира лига во која (засега) се вклучени екипи од пет земји. Надежите на раководството на регионалното натпреварување се дека Израел би имал три-четири екипи, Бугарија две или три, од Косово би играле, две, Црна Гора би учествувала со една или две екипи.
БИБЛ има сериозни контакти и со два клуба од Грција, но засега е потврдено учество на пет земји од овие балкански простори, плус и Израел, од каде доаѓа и бранителот на титулата – Хапоел Холон.
Новитет, во оној натпреварувачки дел, ќе биде правилото кое вели дека нема да има ограничување за задолжителен настап на најмалку еден домашен играч во текот на еден официјален меч на БИБЛ лигата. И тренерите ќе може да ги користат сите достапни играчи кои се дел од ростерот. Потврдите за настап во новата сезона 2021/2022 година ќе може да се испратат во текот на јуни, односно по завршувањето на националните првенства во овие држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА