Американската компанија за спортска опрема „Најки“ уште во јуни минатата година го раскинала договорот со Нејмар, поради сексуален напад на бразилската ѕвезда кон една од вработените во компанијата.
Иако договорот требаше да важи до 2022 година, а Бразилецот да заработи околу 90 милиони евра, договорот бил раскинат уште минатото лето. Работничката од „Најки“ го обвини н Нејмар дека во Њујорк во 2016 година сексуално ја нападнал и ја присилувал на орален секс и ја затворил во хотелската соба.
Таа некако успеала да побегне, а тој ја бркал по ходникот на хотелот. Работничката инцидентот го пријавила во 2018 година, а „Најки“ година дена подоцна отвориле истрага. Нејмар одбил да учествува во истрагата, по што „Најки“ веднаш го раскинале договорот со него.
Ова не е единствен скандал на Нејмар, бидејќи претходно беше обвинет и од манекенка за силување во хотелска соба во Париз, но во тој случај Бразилецот беше ослободен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА