Црвена Звезда „царува“ со „Јадранот“ – Будуќност без шанси во преполната арена во Белград

Црвена Звезда е шампион на АБА лигата за сезоната 2020/21 откако белграѓани во „мајсторакта“ од финалето славеа против Будуќнсот со 66-60. „Црвено-белите“ во поголемиот дел од натпреварот беа чекор пред протнивкот, а во полза на домаќините беше и преполната сала во Белград со што се врати дражот за кошаркарските натпревари.

Неизвесниот натпревар започна од самиот старт, а акцентот беше ставен на одбраната. Првата четвртина заврши со 15-14, а натпреварот пролжи во исто темпо и до крајот на првото полувреме до кое Црвена Звезда стигна до предност од 33-28. Домаќините продолжија да го контролираат натпреварот и во второто полувреме, одолеаја на налетите на гостите, а при самиот крај на мечот стигнаа и до преднсот од девет поени што беше преголем залаг за Црногорците на ваков меч.

Ноко беше предводник на домаќините со 17 поени и 12 скока, Лојд додаде 15 поени и 4 асистенции, додека Добриќ натпреварот го заврши со 12 поени и 8 скока. Кај гостите блесна Кобс со 21 поен, 4 скока и 3 асистенции.

Се вчитува...