Репрезентацијата на грбот на Работнички: Од селекторот, асистентот и половина селекција – се „романтичари“!

Во очекување на најголемиот настан за македонскиот фудбал во историјата, првото учество на најдобрата национална репрезентација на Европско првенство, ЕКИПА издвојувајќи ги најзначајните фудбалери, личности и настани од нашата фудбалска историја, се до 11. јуни преку серијал-текстови како најава за тоа што ги очекува Горан Пандев и соиграчите на УЕФА Евро 2020!

===============================================================================================

Само тројца од повиканите 26 фудбалери на списокот на Игор Ангеловски за Европското првенство 2020 се од македонското првенство. Голманот Ристе Јанков од Работнички, дефанзивецот Егзон Бејтулаи од Шкендија и фудбалерот од средниот ред на Академија Пандев, Марјан Радески.

Но, 22 фудбалери од списокот во своите кариери минале низ македонските клубови во најсилните два шампионати. Од списокот на Ангеловски единствено Езгијан Алиоски, Аријан Адеми, Енис Барди и Дарко Чурлинов немаат настап на домашната фудбалска сцена. Иако Барди беше член на Шкупи во младинските категории, сепак, на свои 15 години се сели во Шведска каде и ја почнува вистинската фудбалска кариера.

Издвојувајќи ги македонските клубови кои имаат барем по еден репрезентативец кој бил дел од клупската историја, очигледно е дека македонскиот национален тим е на грбот на ФК Работнички. Почнувајќи од селекторот Игор Ангеловски, кој најпрво како спортски директор а потоа и како тренер од редовите на тимот на Дебар маало се пресели во репрезентацијата, па преку помошникот Милан Илиевски кој ја почна и ја заврши кариерата во Работнички, дури половина од списокот за ЕВРО 2020 минале низ редовите на „романтичарите“.

Уште 13 клубови, покрај „романтичарите“, имале барем еден од актуелните репрезентативци во своите редови, а веднаш зад Работнички е Вардар со седум репрезентативци кои го носеле црвено-црниот дрес, меѓу нив и четворица кои биле дел и од Работнички.

Шкендија е со четворица од актуелните репрезентативци кои играле за тетовскиот тим, а Металург е со тројца, Влатко Стојановски, Марјан Радески и Крсте Велкоски.

СИТЕ ТРОЈЦА ГОЛМАНИ ОД РАБОТНИЧКИ

Сите тројца голмани во македонската репрезентација своите професионални фудбалски кариера ги стартуваа со „романтичарите“. И Столе Димитриевски од Работнички го трасираше патот кон интернационалната кариера, сосема идентично како и Дамјан Шишковски чиј единствен клуб во Македонија бил само Работнички, а на тој пат сега е и Ристе Јанков кој потекнува токму од фудбалската школа на „романтичарите“.

МАКЕДОНСКИ КЛУБОВИ КОИ ИМАЛЕ БАРЕМ ЕДЕН ОД АКТУЕЛНИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ВО СВОИТЕ РЕДОВИ:

ФК РАБОТНИЧКИ (12): Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Ристе Јанков, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Кире Ристевски, Стефан Спировски, Даниел Аврамовски, Елиф Елмас, Крсте Велкоски, Иван Тричковски, Милан Ристовски

ФК ВАРДАР (7): Дарко Велковски, Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Бобан Николов, Стефан Спировски, Даниел Аврамовски, Иван Тричковски

ФК ШКЕНДИЈА (4): Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу, Ферхан Хасани, Марјан Радески

ФК МЕТАЛУРГ (3): Влатко Стојановски, Марјан Радески, Крсте Велкоски

ФК ПЕЛИСТЕР (2): Стефан Спировски, Кире Ристевски

ФК МАКЕДОНИЈА ЃП (2): Дарко Велковски, Даниел Аврамовски

ФК РЕНОВА (2): Влатко Стојановски, Висар Муслиу

ФК ТЕТЕКС (2): Егзон Бејтулаи, Тихомир Костадинов

ФК БРЕГАЛНИЦА (1): Бобан Николов

ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1): Марјан Радески

ФК БЕЛАСИЦА (1): Горан Пандев

ФК ЦЕМЕНТАРНИЦА 55 (1): Александар Трајковски

ФК 11 ОКТОМВРИ (1): Марјан Радески

ФК ГОСТИВАР (1): Висар Муслиу

Се вчитува...