Откако шпанските медиуми објавија дека Роналд Куман заврши во болница, и тоа само кратко по информацијата од Барселона дека му бара замена на клупата, холандскиот стратег се огласи на социјалните мрежи.
„Не верувајте во се што ќе слушнете. Здрав сум, тоа е најважно во животот“ – напиша Куман со фотографија по излегувањето од болница.
Don’t believe anything you hear. I am healthy, that’s all that matters in life! ?? pic.twitter.com/yTlPxL0sKn
— Ronald Koeman (@RonaldKoeman) May 28, 2021
Со оглед на разликите во известувањата не е јасно дали Куман бил на рутинска посета во болница, или има врска со анексиозноста.
„Роналд има договор со Барса и тоа му дава мир за да не мора да брза со било какви одлуки. Имаше епизода поради која мораше да замине во болницата која редовно ја посетува. Не преплаши, посебно кога знаеме дека пред една година имаше срцев удар“ – истакна претседателот Хуан Лапорта.
Барселона, во секој случај, се одлучи да бара нов тренер, но не ја отфрла и можноста за останување на Куман поради финансиската криза на клубот. Легендарниот Чави веќе извесен период е кандидат за клупата на клубот на својот живот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА