Еден од фудбалерите со најдолг стаж во македонската репрезентација, Александар Трајковски верува дека националниот тим има уште многу што да каже на Европското првенство 2020.
Сонот со пласманот на големо натпреварување е остварен. Сега е на ред да се покажа колку оваа репрезентација вистински вреди.
„Запишавме голем успех за Македонија со пласманот на големо европско натпреварување. Ова е сон кој долго го очекувавме. Носиме огромна мотивација и мислам дека на ЕВРО 2020 ќе го дадеме максимумот и ќе покажеме дека заслужено сме на голем собир. Верувам дека можеме до добри резултати“ – вели Трајковски, притоа дополнувајќи:
„Онаа победа против Германија ни даде дополнителна самодоверба. Докажавме дека може да се носиме со секоја репрезентација, и тоа треба да го покажеме на Европското првенство. Треба само добро да се фокусираме на нашата игра, без многу оптоварување што другите зборуваат за нас. Ние мора да зборуваме на терен“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА