Комплетното денешно 13. коло од плеј-офот во македонската Суперлига е одложено поради трагичната смрт на голманот на РК Охрид и македонски репрезентативец, Никола Даниловски.
Ракометната федерација на Македонија искажува притоа и тага и неверување по информацијата за смртта на Даниловски, со сочувство до неговото семејство.
„Со голема тага и неверување испраќаме последен поздрав на репрезентативецот Никола Даниловски. Искрено сочувство и до неговото семејство. Почивај во мир“ – се вели во пораката со сочувство од РФМ.
Денешното плејоф коло кое се одложува ќе биде одиграно во понеделник (31. мај).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА