Де Лихт и уште две ѕвезди на Холандија одбија вакцинирање пред ЕП

Матијас Де Лихт денеска пред холандските медиуми информираше дека одбил вакцинирање против Ковид-19 пред Европското првенство.

„Вакцинирањето не е задолжително и јас не сакам да се вакцинирам. Сметам дека секој треба да биде господар на своето тело. Ризикот од зараз секогаш постои. Јас се обидувам да бидам што помалку во контакт со лица надвор од репрезентацијата“ – соопшти Де Лихт, кој во јануари го победи коронавирусот а за време на ЕП ќе биде редовно тестиран.

А, стоперот на Јувентус и не е единствен од холандскиот табор кој одбил вакцинација. Селекторот Франк Де Бур во средата рече дека уште неколку играчи на Холандија одбиле вакцина, но не ги именуваше.

Холандските медиуми нагаѓаат дека меѓу нив се напаѓачот на Волфсбург, Вегхорст како и ѕвездата на Лион, Мемфис Депај.

 

Се вчитува...