Тотална доминација: Историска прва шампионска титула за Баскет Кам!

Кошаркарките на Баскет КАМ од Македонска каменица се нови шампионки на Македонија откако во четвртиот натпревар од финалната серија убедливо со 86-66 славеа против Бадел 1862, за 3-1 во финалето.

Баскет Кам за прв пат во својата, не така долга историја на постоење, стигнаа до шампионската титула, на најдобар можен начин, со освјувањето на двата трофеи заокружувајќи ја сезоната за паметење, годината за историја на кошарката во овој регион од Македонија.

Во последниот натпревар од финалниот дуел, кошаркарките на Баскет Кам доминираа тотално од самиот почеток само рутински заокружувајќи ја победата за славје. Митрашиновиќ со 24 поени, 10 асистенции и 9 скока беше предводник во последната победа на Баскет Кам, Гобељиќ постигна 18 поени а Кметовска заврши со 16 поени. Кај „баделки“ Стојановска со 20 поени и шест скока и шест асистенции беше најдобриот поединец.

Анжелика Митрашиновиќ е прогласена за МВП на финалната серија, носејќи го својот тим до титулата како дополнение на трофејот и во Купот на Македонија.

Се вчитува...