Брентфорд е нов член на Премиерлигата откако во финалето од плејофот во Чемпиншиплигата на „Вембли“ славеше против Свонси со 2-0.
Тимот од Лондон од почетокот на мечот беше подобар ривал, а уште во првото полувреме ги „разбија“ гостите од Велс. Брентфорд поведе уште во 10. минута со голот на Тонеј од пенал, а на 2-0 во 20. минута зголеми Маркондеш, на асистенција на Расмусен.
Натпреварот беше дефинитивно одлучен во 65. минута кога Фултон доби директен црвен картон и Свонси остана со играч помалку.
Пред Брентфорд, низ лига промоцијата обезбедија Норвич и Ватфорд, додека Премиерлигата ја напуштија Фулам, ВБА и Шефилд јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА