ФФМ го слушна гласот на јавноста: Со стариот дрес на ЕВРО 2020!

Фудбалската федерација на Македонија по реакцијата на јавноста и бројните несогласувања со новиот дрес изработен за ЕВРО 2020 се одлучи македонската репрезентација на престојното Европско првенство да настапува во досегашните дресови промовирани во 2016 година со апликацијата на македонското знаме на предната страна.

„Фудбалот се игра за фановите“ – напиша претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на официјалниот фејсбук профил, алудирајќи дека едноставно федерацијата сака да го испочитува мислењето на комплетната јавност.

 

Претходно, несогласување со изгледот на новиот дрес и барање за враќање на стариот истакнаа и голем број личности од спортската и општествената јавност меѓу кои и капитенот на националниот тим, Горан Пандев.

Се вчитува...