Македонските репрезентативци вечерва приредија изненадување за Аријан Адеми со честитка за неговиот јубилеен 30-ти роденден.
Адеми доби подарок од сите репрезентативци кој му го врачи соиграчот од Динамо Загреб, Стефан Ристовски, но и песна како начин за мало одбележување на роденденот во време на постојана затвореност за време на подготовките за ЕВРО 2020.
Адеми, пак, искажувајќи благодарност се пошегува барајќи дозвола од селекторот Игор Ангеловски ако може репрезентативните соиграчи да ги почести за роденденот некаде надвор од хотелот „Хилтон“ каде е сместен националниот тим.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА