Викендов на националната арена „Тодор Проески“ се одржа Државното првенство за младинци, со масовно учество на најдобрите македонски атлетичари од сите домашни клубови.
На натпреварот беше дозволено да настапат, надвор од конкуренција, нашите сениори со оглед на тоа дека ни престојат многу меѓународни натпревари каде што треба да изборат соодветни норми. Со оглед на тоа што е олимписка година и треба да се избере кој од Атлетската Федерација ќе не претставува на Олимпијада во Токио.
Најзабележителен резултат имаше Дрита Ислами која после три години успеа да го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки со резултат од 58.66 секунди, и освоени 1061 ИААФ бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА