Започна новата ера во фудбалот – Меси и Роналдо ни блиску до Халанд и Мбапе

Челси е шампиониот на овогодишното издание на Лигата на Шампионите откако младиот состав од „Стемфорд Бриџ“ во финалето го совлада Манчестер Сити со 1-0, благодарение на перфектното додавање на 22-годишниот Мејсон Маунт и голот на 21-годишниот Каи Хаверц. Трофејот на „сините“ најави нова ера во фудбалот, која впрочем веќе е и почната.

Најдобриот стрелец за сезоната 2020/21 во најсилното фудбалско натпреварување е 20-годишниот Ерлинг Халанд кој оваа сезона десет пати ја тресеше мрежата на противникот, а него го следи 22-годишниот Килијам Мбапе со осум гола. Изедначени на третото место со по шест гола се Нејмар, Мората, Салах, Жиру, Ел-Несри и Бензема.

Интересено е тоа што досегашните „владетели“ со фудбалот, Лео Меси и Кристијано Роналдо останаа половични во однос на учинокот на Халанд. Асот на Јувентус оваа сезона забележа четири погодоци, додека Меси сезоната ја заврши со пет гола. Слично беше и во сезоната 2019/20 во која Португалецот постигна четири, додека Аргентинецот само три.

Овие двајца од сезоната 2007/08 па до крајот на 2018/19 постојано ја освојуваа наградата за најдобар стрелец на ЛШ. На Роналдо тоа му успеа седум пати, додека Меси ова признание го доби шест сезони.

Се вчитува...